Преку МојДДВ на граѓаните за девет месеци вратени 10,7 милиони евра
Преку мерката МојДДВ која стартуваше во јули минатата година до март годинава на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра.
-Од лансирањето на МојДДВ во јули 2019 година до март 2020 година, односно за девет месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра, од кои повеќе од половина е поврат извршен за периодот јануари-март 2020 година, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.

Додава дека од тримесечје во тримесечје повратот на ДДВ кон граѓаните е поголем, што значи дека борбата против неформалната економија зајакнува.
-Октомври-декекември 2019 повратот е повисок за 35,8 отсто во однос на претходното тримесечје, јануари-март 2020 повратот е повисок за 37,8 отсто во однос на претходното тримесечје, стои во објавата на министерката во која додава дека и бројот на граѓани кои скенираат сметки се зголемува, односно за третиот квартал од 2019 поврат добиле 155.664 граѓани, во четвртиот 188.135 граѓани и во првиот квартал годинава 232.716 граѓани.
Отсега граѓаните кои ќе купуваат и скенираат сметки за домашни производи наместо 15 отсто ќе добиваат 20 отсто поврат на ДДВ, додека за останатите повратот ќе изнесува 10 отсто. МојДДВ освен во борбата против неформалната економија ќе придонесе и кон ревитализирањето на домашната економија, напиша министерката на својот ФБ профил.
Ново на Сител
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
