-->
-->
Преку набавка на печки на пелети во Берово ќе се намалува аерозагадувањето во училиштата
-->
Општина Берово доби 800 илјади денари како дел од Програмата за намалување на аерозагадувањето. Средствата како што информираше Билјана Каламадевска од општина Берово, ќе бидат наменети за набавка на печки на пелети за потребите на деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово и подрачните училишта.
-Во училиштето е планирано да сe заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут, со комлетно нова опрема, согласно доставениот проект, со што ќе се подобрат условите за учење на учениците и ќе се заштити животната средина, информираше Каламадевска.
Општината, како што додаде ќе продолжи и понатаму да биде сериозен партнер на инситиуциите во усовршување на образовниот процес и ќе учествува на сите повици за реализација на активности, како во сферата на образованието, така и во сите останати општествени сфери.
Целта, на оваа мерка, како што додаде е намалување на трошоците за енергенси, преку спроведување на мерките за ублажување на аерозагадувањето.
Целокупната постапка за набавка на печките на пелети е предвидена преку избор на најповолен понудувач, постапка која како што информираа, надлежните, ќе се спроведува на транспарентен начин согласно одредбите за јавни набавки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи