-->
-->
Премиер лига: Без победник на дуелот Лестер - Манчестер Сити
-->

Екипите на Лестер и на Манчестер Сити освоија по еден бод на синоќа одиграниот натпревар од 19.коло од Премиер лигата. Дуелот заврши без победник 0:0. Двата тима имаа свои шанси за гол, но сепак мрежите мируваа. По нерешениот резултат Арсенал остана на врвот на табелата, а Лестер и Манчестер Сити се веднаш зад него.
Вечерва (почеток 20:45 часот) се игра последниот натпревар од оваа рунда и последен од првиот дел од Премиер лигата Сандерленд е домаќин на Ливерпул.
Во понеделникот беа одиграни осум натпревари:
Арсенал – Бурнемут 2:0,
Манчестер Јунајтед – Челзи 0:0,
Вест Хем – Саутемптон 2:1,
Кристал Палас – Свонси 0:0,
Евертон – Стоук 3:4,
Норвич – Астон Вила 2:0,
Вотфорд – Тотенхем 1:2 и
ВБА – Њукасл 1:0.
Табела: Арсенал 39 бодови, Лестер 39, Манчестер Сити 36, Тотенхем 35, Кристал Палас 31, Манчестер Јунајтед 30, Вест Хем 29, Вотфорд 29, Стоук 29,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
