Премиера на претставата „Стари времиња“ на Харолд Пинтер во Охридскиот театар

Психолошката драма „Стари времиња“ на Харолд Пинтер во поставка на младата режисерка Нела Витошевиќ, а во изведба на актерската екипа на Народниот театар од Охрид утревечер премиерно ќе биде изведена пред охридската публика.
Како што беше истакнато на денешната прес-конференција по повод премиерата на „Стари времиња“ со која практично започнува годинешниот репертоар на Народниот театар од Охрид, комплексноста на темите што ги третира ова, можеби најмногу обработувано дело на Пинтер, бара одредена зрелост не само од режисерот, туку многу повеќе од самата актерска екипа.
- Станува збор за посебно драмско задоволство што трае околу еден час, висококалоричен текст што нуди несекојдневни емоционални задоволства, изјави актерот Горан Стојановски, инаку и директор на Народниот театар од Охрид, кој потсети дека токму заради таквите особености претставата е наградена со Европска награда за театарски сензибилитет.
Станува збор за премиерна изведба на претставата „Стари времиња“ во рамки на матичната куќа, после настапот на последното фестивалско издание на „Охридско лето“ и театарскиот фестивал во Струмица.
Критичарите за драмскиот израз на Пинтер дека не припаѓа на ниту еден стил, освен како драматург со својата оригиналност бара исто така оригинално толкување во театарската игра. Режисерката Витошевиќ за Нобеловецот Пинтер ќе каже дека во своите дела тој секогаш се повикува на минатото како клучен фактор за последиците и растројствата коие се нерешливи во животите и судбините на неговите ликови
Драмата „Стари времиња“ третира повеќе теми, меѓу кои е кризата на бракот во 40-те години, односно како старите времиња влијаат врз актуелните размислувања на ликовите, како преку евоцирање спомени на минатото отвараат фрустрации, копнежи, болки...
Актерската екипа за утрешната претстава ја сочинуваат Ирена Ристиќ, Јасмина Билаловиќ и Горан Стојановски, а „Стари времиња“ ќе се игра на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. ж
Инаку Стојаноски како директор на Народниот театар од Охрид, најави богата програма на репоертоарот за престојниот период, со неколку нови проекти во рамки на куќата во кус рок од само еден месец.
- Стартуваме на 25 овој месец со интересна копродукција – тројца актери од нашата куќа – Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипроски подготвуваат нешто забавно и доста несекојдневно во рамки на проектот наречен „Инпровокација“. Потоа на крајот на месецот ќе биде изведена детската претстава „Убавицата и ѕверот“ на режисерот Ѓорѓи Ризески, за се да биде заокружено кон средината на идниот месец со авторскиот проект „Писмо од земјата“ на актерот Никола Тодороски, работен според текст на Марк Твен, рече тој.
Ново на Сител
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
