Премиерот годинава не очекува поскапување на струјата
Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата заради соодветните политики што ги правиме за да направиме меко спуштање во либерализацијата во време кога приватните компании веќе се на слободниот пазар на електрична енергија и не можат да покријат дел од трошоците на домаќинствата.
Ова го најави премиерот Зоран Заев во своето обраќање при презентацијата на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 во Владата.
-Со соодветни стратегии поставени од државата веруваме дека ќе развиеме одлична стратегија која ќе предизвика сериозни инвестиции во фотонапонски електрани, ветерници и гасни централи за да направиме транзиција на енергетскиот систем. Инвестициите во обновливи извори на енергија секако ќе ги чинат граѓаните зашто доколку сакаме здрава и зелена енергија таа се плаќа поскапо и затоа државата ќе развие планови за помагање на сиромашните граѓани преку посебни програми, рече Заев.
Во одговор на новинарско прашање, пак, посочи дека до 2035 или до 2040 земјава има резерви на јаглен во зависност од тоа дали ќе се влезе со ископи во нови јегленокопови или не.
-Во регионот веќе има и бесплатен јаглен и треба само да се плати транспортот за да се донесе. Грција ги затвора своите термоелектрани на јаглен, има јаглен од Косово кој во моментов се носи во Осломеј. Во вакви околности убеден сум дека јагленот не е причината за затворање на РЕК Битола и РЕК Осломеј, туку здравата животна средина, рече Заев.
Посочи дека час поскоро треба да направиме инвестиции во фотонапонските централи, ветерните паркови и гасните електрани кои ќе продуцираат, како што рече, илјадници мегавати електрична енергија и додаде дека нашиот народ е по зелената енергија.
Во моментов од термоелектраните во земјава се произведуваат околу 78 отсто од електричната енергија, а останатите се од обновливите извори на енергија. Се планира, како што кажа премиерот, термоелектраните да се затворат година или две пред 2030 година како што е предвидено во европската цел.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино