Македонија
5. September 2015 - 13:55

Премиерот Груевски во посета на Куманово и Старо Нагоричане

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Куманово и Старо Нагоричане.

Груевски ќе се сретне со жителите на село Романовце, ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на основното училиште „Толи Зурдумис“ и ќе го посети објектот на реконструираното основно училиште „Браќа Миладиновци“.

Предвидено е премиерот да има средба и со жителите на населбата Гоце Делчев и селата Пчиња, Никуљане, Младо и Старо Нагоричане, како и да изврши увид во градежните активности за изградба на локалниот пат село Никуљане – село Челопек.