-->
-->
Премиерот Ковачевски ќе го пречека и ќе има средба со потпретседателот на ЕK, Жозеп Борел
-->

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Владата на Република Северна Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.
Според агендата, информираа од владината прес-служба, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел.
На билатералната средба, како што е најавено, ќе присуствуваат и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
