Премиерот Ковачевски учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го започна учеството на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е на тема „Солидарност за глобална безбедност“.
Премиерот Ковачевски, на Бледскиот стратешки форум денеска ќе има свое излагање на попладневниот лидерски панел заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто
Во рамки на овогодинешното учество на Бледскиот стратешки форум, премиерот Ковачевски денеска ќе оствари и повеќе билатерални средби меѓу кои со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, како и со специјалните претставници за Западен Балкан, на Европската Унија Мирослав Лајчак и на Обединетото Кралство Сер Стјуарт Пич.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито