Премиерот Ковачевски во прва официјална посета на Брисел
Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски утре и задутре прв пат откако е на функција ќе оствари официјална посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел.
Ковачевски утре наутро ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Предвидена е заедничка прес-конференција на Ковачевски и Столтенберг околу 9.30 часот.
Попладнето премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел како и со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола.
Средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, е предвидена во петок претпладне.
Димитар Ковачевски ќе има средби со и членови на Европскиот Парламент и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.
Што се однесува до сегашниот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, тој се наоѓа на пат, информираа од Европската Комисија.
Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари