Премиерот Мицкоски на промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд.
На настанот ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
За време на настанот освен презентација на опрема, ќе биде изведена показна вежба од страна на припадниците на Армијата.
- Во рамки на соработката со Европската Унија, односно со поддршка на Европскиот мировен фонд набавена е опрема во вредност од над 40 милиони евра, сегментирана во три пакети од кои опремата од првиот пакет и дел од опремата од вториот пакет се пристигнати во земјава. Станува збор за опрема од различен вид – радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни сензори, додека во рамките на третиот пакет ќе пристигне опрема за логистика и комуникациски и пешадиски единици, информираат од Министерство за одбрана.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската ПВО
-

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска
-

Руте: Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“
-

Кремљ го поздрави укинувањето на суспензијата на Рускиот олимписки комитет
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
