Балкан
30. November 2020 - 19:55

Премиерот на Хрватска позитивен на КОВИД-19

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ е позитивен на коронавирусот, објави портпаролот на хрватската влада.

Тој се чувствува добро, а своите активности и обврски како претседател на владата ќе ги врши од дома.

Пленковиќ веќе беше во самоизолација, откако ѝ беше дијагностициран ковид-19 на неговата сопруга. По појавата на малку покачена температура, сопругата на претседателот на хрватската влада во саботата се тестираше, по што ѝ стигна позитивен резултат.

Пленковиќ се тестираше веднаш потоа, и првиот резултат покажа дека нема коронавирус, но беше соопштено дека ќе биде во самоизолација.