Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во посета на Кромберг и Шуберт: Силна поддршка од Владата за странските компании
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев придружувани од градоначалничката на општина Битола, Наташа
Петровска и пратениците Александар Кирацовски и Горан Милевски во текот на вчерашниот ден беа во посета на компанијата Кромберг и Шуберт којашто работи во индустриската зона Жабени.
Во рамки на работната посета на компанијата премиерот, владините претставници и пратениците беа во обиколка на производствените погони каде што имаа прилика одблиску се запознаат со производствените процеси и начинот на работа на фабриката.
По обиколката премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев остварија работна средба со Уве Шилиг, технички директор и Тања Милисковиќ, комерцијален директор на компанијата Кромберг и Шуберт.
На средбата беа презентирани информации за обемот и перформансите на интернационалата компанијата којашто работи неколку години во Република Македонија и којашто вработува над 6.000 работници од битолскиот регион. Од презентацијата беше заклучено дека оваа компанија од своите вкупни набавки релаизира 1/3 од домашни добавувачи. Ваквата соработка со домашните компании беше поздравена и беа охрабрени директорите на компанијата да аплицираат по мерките од Планот за економски раст кои се однесуваат на поддршка за зголемена соработка со домашни компании.
Се разговараше и за предизвиците со коишто се соочува оваа компанија како и за идните планови коишто се однесуваат на нови инвестиции.
Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев изразија силна поддршката од владата за странските компании и го охрабрија менаџментот на компанијата Кромберг и Шуберт да продолжи со инвестициските активности во Македонија.
Премиерот Заев порача дека Владата на Република Македонија работи како партнер и сервис на бизнисот во насока на надминување на сите предизвици и состојби и и за обезбедување на поволна деловна клима и услови за непречена работа и раст на компаниите.
Ново на Сител
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени