Премиерот Заев со повеќе активности ја завршува референдумската кампања
Премиерот Зоран Заев кампањата за референдумот, што ќе се одржи на 30 септември, ја завршува со неколку активности.
Тој денеска ќе ја посети локацијата каде што се одвиваат градежните активности на инвестицијата Лимак - Дајмонд, а ќе се обрати во просториите на „Лимак“.
Заев ќе има негово обраќање и по повод отпочнување на проектот на компанијата од фармацевската индустрија „САГЕН“, во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 ( Бунарџик).
Покрај премиерот, по повод отворањето на фармацевската компанија ќе имаат и заменик претседателот на Владата Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ Александар Младеновски.
Претседателот на Владата, денеска заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во свечена сала во Владата, ќе го промовираат новиот систем на финансирање во спортот.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата