Преполовен бројот на барателите на азил во ЕУ
Бројот на лицата кои во 2017 година побарале меѓународна заштита во Европа е намален за речиси 50 отсто во однос на претходната година, соопшти денеска Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО).
Канцеларијата прецизира дека повеќето од барателите на азил биле Сиријци.
ЕАСО информира дека лани 706.913 лица побарале азил во 28-те земји од Европската Унија плус Норвешка и Швајцарија, што претставува 43 проценти помалку отколку во 2016 година.
Ова е втора година по ред во која бројката опаѓа, откако во 2015 година во Европа пристигнаа над еден милион луѓе, претежно сириски бегалци.
Повеќе од 98.000 Сиријци аплицирале за азил, а над 40.000 барања биле поднесени од државјани на Ирак, Авганистан и Нигерија.
ЕАСо соопшти дека биле одобрени околу 40 проценти од сите барања за азил во 2017 година.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро