„Пресе“: Австриската ограда може да предизвика домино-ефект

Евентуалното кревање ограда на границата со Словенија, што како мерка го навести австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер, може да предизвика домино-ефект, оцени денеска виенскиот дневен весник „Пресе“.
Весникот пренесува дека Словенија наскоро ќе одлучи дали и таа ќе преземе слични мерки како Австрија, доколку Виена ги реализира своите најави.
Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека неговата Влада „со сите средства“ е подготвена да го запре бранот бегалци, доколку состојбата се влоши, додава дневниот весник.
Заради новиот рекорден број бегалци на сите страни владее нервоза, истакнува „Пресе“, укажуваји и на острата критика на германската покраина Баварија за однесувањето на Австрија, на која за првпат и се приклучи и членот на германската Влада, министерот за внатрешни работи, Томас де Мезијер.
Австриското Министерство за внатрашни работи ги отфрли германските критики и порача дека илјадници лица доаѓаат во Австрија со само една цел, а тоа е Германија.
Меѓутоа, соседна Германија секој ден презема се помалку бегалци, конкретно, како што пренесува „Пресе“, само 50 лица на час, заради што, според тврдењата на министерството, бегалците сами се организираат како да ја минат границата.
Ново на Сител
-

Во домот на 50-годишник во Аеродром пронајдени 41 саксија канабис | ВИДЕО
-

ИЕА: Конфликтот на Блискиот Исток ја создава најголемата енергетска криза во светската историја
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата
-

Таткото на Ејми Вајнхаус загуби судски спор за аукција на предмети на неговата ќерка
-

Почина новинарката Гордана Дувњак
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, температура до 21 степен
-

Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци
-

Иран со сериозни забелешки на некои потези на САД, но не ја исклучува можноста од нова рунда преговори
