Кошарка
1. November 2016 - 17:34

ПРЕСЕДАН: Тие што го донесоа сакаат да го сменат Наумовски

И официјално Здружението на прволигаши во текот на дешениот ден и официјално поднесе иницијатива за свикување на Собрание.
 
Здруженито на клубови од Првата Лига мажи (ЗКПЛМ) со допис до јавните гласила побара да биде информирана јавноста, дека  ЗКПЛМ поднесе иницијатива до канцаларијата на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за свикување вонредно Собрание.
 
 
 
 
 
На иницијатива, потпишани се вкупно 12 клубови со право на глас на Собранието и тоа од Првата машка лига: МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Работнички, Струмица, Пелистер, Кожув, Фени Индустри и Куманово, второлигашот Радовиш, како и три клуба од првата женска лига, Бадел 1862, Клубски-Делчево и МНА-Кавадарци.
 
 
Преседан е што истите тие клубови пред нешто повеќе од 1,5 година беа иницијатори за промена на поранешното раководство на тогаш предводено од Даниел Димевски, а како нивен кандидат тогаш за претседателското место беше едногласно избран Петар Наумовски.
 
 
Годинаипол подоцна, откако Наумовски цврсто застана зад идејата на поголема промоција на македонски кошаркари кои се темел на репрезентацијата на Македонија, клубовите иницијатори, првенствено оние кои во своите редови имаат поголем број на странци, се решија да го менуваат Наумовски.
 
Неофицијално. Како еден од можните наследници на Наумовски се споменува поранешниот Комесар на Првата лига, Бобан Јосифовски, кој од самите клубови беше сменет од комесарската функција тогаш со образложение и сомнежите околу методите на работа на Јосифовски, особено околу спорниот случај за тогашната можна суспензија на Работнички.
 
Тогаш ЗКПЛМ во своето соопштение објавено на официјалната веб-страница на МКФ напиша:
„Откако Комесарот за натпреварување Бобан Јосифовски го презентираше извештајот за првиот дел од сезоната, присутните 9 клубови на Седницата на Прволигаши расправаа на темата, по што одлучија да гласаат за недоверба на Комесарот. Заради констатирање на неправилности во работата, Здружението на Прволигаши го разреши комесарот Бобан Јосифовски од функцијата“.
 
 
Симптоматично е како лиѓето кои сега се за промена на оној коi самите го донесоа, ќе го постават екс-комесарот кој го избркаа за прв човек на мак-баскетот, сомневајќи се на финансиска злоупотреба, за што Јосифовски реагираше со писмо до јавноста. 
               
                    (соопштението на Јосифовски упатено до јавноста може да го прочитате ОВДЕ)
 
 
Наумоски кој останува цврсто на ставот за поголема шанса на македонските играчи, сега има рок од 14 дена да го свика Вонредното Собрание, пво спротивно самите клубови иницијатори ќе можат да го организираат истото.