Пресуда за грабежот во „Тутунска банка”
Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да биде соопштена пресудата на обвинетите за грабежот во „Тутунска банка”.
Скопското Јавно обвинителство на рочиште што се одржа на 27 октомври побара од Судот на обвинетите за грабежот да им одреди највисока казна, која според Кривичниот законик изнесува 10 години.
Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вина, но не открија што сториле со украдените пари.
Јавното обвинителство соопшти дека четворицата се изјасниле за виновни и оти со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле парични средства во значителен износ од 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра.
На 10 април годинава извршиле кражба и на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.
Адвокатите побараа поблаги казни, бидејќи обвинетите ја признале вината.
Единствена олеснителна околност која може да им ја намали казната е тоа што обвинетите досега не се евидентирани како сторители на кривични дела.
Надлежниот обвинител кој постапува во предметот до Судот доставил и обвинителен предлог против други четири лица, на кои како одговорни лица во банката врз основа на општ акт, со посебно овластување им биле доверени определен круг на работи, но тие несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа го овозможиле противправното присвојување на паричните средства.
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата