Пресврти и финале за „јорганџиите“ во шпанскиот куп

Атлетико Мадрид ќе се судри со својот градски ривал Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, откако „јорганџиите“ во луд натпревар се вратија од 2:1 негатива за 3:2 победа над Барселона во Џеда.
Во тензичното прво полувреме, во кое двата клуба имаа свои шанси најинтересна беше вербалната пресметка помеѓу Меси со младиот португалски талент на Атлетико, Жоао Феликс, која на крај заврши со жолти картони за Луис Суарез и Стефан Савиќ, кои се обидуваа да „воведат мир“.
Само што почна второто полувреме, тимот на Диего Симеоне дојде во водство преку Коке во 46. минута по една убава акција. Меѓутоа, тогаш Барса врати на вистински начин – Лео Меси во 51. минута постигна прекрасен гол, за 11 минути подоцна, Антоан Гризман да стрела против својот поранешен клуб за 2:1 водство.
Во 74. минута изгледаше дека сѐ е готово, откако Жерард Пике постигна гол, но ВАР системот одлучи дека се работи за офсајд. Атлетико го искористи ова на најдобар начин. Во 82. минута по фаулот на Нето, Алваро Мората од белата точка израмни на 2:2, пред Анхел Кореа во 86. минута по еден брз контранапад да ги постави конечните 3:2.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
