Претепан Владо Георгиев!? Отишол да сними спот во Белгија па бил нападнат, еве што вели тој за тепачката
Пејачот Владо Георгиев е претепан во птекот пред еден клуб бо Антверпен.
Неколку дена Георгиев престојувал во овој град во Белгија за да сними спот, а воедно и за да ги одржи закажаните настапи во еден тамошен клуб, каде со собираат луѓе од просторите на поранешна Југославија.
За време на паузата Владо заедно со тапанарот излегол пред клубот за да запали цигара. Во тие моменти пред него поминале неколку девојки со момчиња, а Владо, наводно на една девојка почнал да и дофрла, што довело до вербален судир и на крај и тепачка.
Во тепачката со неколку момчиња учествувал и Владо и член на неговиот бенд, а набрзо на местото стигнала полиција. Најдебелиот крај го извлекле Георгиев и тапанарот.
Се се одиграло во раните утрински часови, а пејачот следниот ден имал договорен настап во Штутгарт кој сакал да го откаже зошто не можел да пее, но по кратко убедување од страна на менаџерот сепак одлучил да одржи настап.
Георгиев: Не сум повреден, се тепаа некои луѓе
Кога во саботата го контактирале пејачот, не сакал да ги потврди овие наводи, туку порачал:
„Што ви треба? Каква тепачка? Излегов да запалам цигара и изби тепачка. Не сум повреден воопшто. Се тепаа некои луѓе“, рече Владо.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид