-->
-->
Претепано и ограбено момче од Куманово
-->

Вчера околу 20.00 часот во Куманово, Б.К. (18) од Куманово пријавил дека врз него било извршено разбојништво.
Додека Б.К. пешачел на кејот, пред него излегло лицето А.Д. од Куманово и побарало да му даде пари за лаптоп.
Но, откако Б.К. му рекол дека не му должи никакви пари во врска со лаптоп, А.Д. го удрил неколку пати со шлаканица во пределот на лицето, го фатил за јакната, влечејки го турнал на земја, ја одзел јакната каде имало мобилен телефон и полнач за телефон, по што побегнал од местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
-

Кумановец загина откако со автомобил излета од патот
-

Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
-

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
-

Средношколец во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
