Претовар во комбиња кои превезуваат ученици и возачи без возачка дозвола
Полицијата во последната контрола на комбиња кои превезуваат ученици од средните и основните училишта низ Гостиварско открила низа прекрошоци кои ја загрозуваат безбедноста. Откриени се и тројца возачи зад волан седнале без возачка дозвола.
Вчера попладне во периодот од 18 до 21 часот, во Гостивар со акциска контрола биле опфатени 35 возила (комбиња) со кои се превезуваат ученици.
– При контролата, откриени се девт возила со претовар на патници, осум возачи без лекарско уверение, тројца возачи без положен возачки испит, еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја прилагодил брзината според условите на патот, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Констатираните прекршоци биле санкционирани со законски предвидените поднесоци. Од почетокот на годината во гостиварскиот регон откриени се 22 случаи на претовар на патници од кои 14 биле во февруари.
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања