Претрес на две локации во Скопје, пронајдени оружје, муниција и дрога, приведени двајца криминалци | ФОТО
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (17.08.2023), по издадени наредби за претрес од страна на Судија на претходна постапка, изврши претреси на две локации во Скопје, при што се приведени А.И.(26) и С.С.(32) од Скопје.
При претресите, во домот на А.И. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со оптички уред, рамка за автоматска пушка со 28 куршуми во неа, девет електронски уреди со магнет, три дигитални камери, два електронски уреди, две ќеси со растителна материја.
Додека во домот на С.С. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со една рамка со куршуми, еден автоматски пиштол со една рамка со куршуми, еден пригушувач, една кутија со 32 куршуми 7,62мм, нож, една ќеса со бела прашкаста материја. Во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ново на Сител
-
Невремето ќе трае до утре, граѓаните да внимаваат од молњи
-
33 издание на меѓународниот хорски фестивал „ТЕХO“
-
Преглед на вести од светот
-
Се уште не е готово супервештачењето - Одложено судењето за Веаповска
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува обвинителите сериозно да го разгледаат извешајот на ДЗР за инфраструктурни проекти
-
Земјоделците бараат договори за сигурен пласман на производите
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога ќе проработат новите камери на улиците и за кои прекршоци ќе се казнува?