Претрес во Чаир, пронајдена поголема количина оружје
Денеска (27.03.2021) во координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, СВР Скопје – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи и Агенцијата за национална безбедност, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, лишен е од слобода И.А.(47) од Скопје.
Имено, при извршен претрес во негов дом и помошни простории на подрачјето на општина Чаир, кај пријавениот се пронајдени рамка од автоматска пушка со 30 куршуми 7,62x39мм, ловна пушка “Fabran“, пумпарица „SDASS“ кал.12/76мм, полуавтоматска пушка од југословенско производство кал.7,62мм и осум ловни патрони.
И.А. е приведен и задржан за понатамошно постапување и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта