-->
-->
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени две лица
-->
Полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки, вчера во Скопје лишиле од слобода две лица, Ц.Д. од Скопје и Т.А. од Битола, кои се затекнати при купопродажба на околу 500 грама марихуана.
Како што соопшти МВР, по извршена консултација со јавен обвинител и обезбедена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом кај Ц.Д во Скопје, при што е пронајдена тегла со марихуана, празни тегли со остатоци од марихуана и дигитална вага.
-Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прво проверка, потоа поврат на ДДВ
-
Нов случај на западно нилска треска - Пациент од струмичко хоспитализиран на Инфективна
-
Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат
-
Трипуновски домаќин на годишниот работен состанок на министри на ЈИЕ
-
Стартува примената на есенската кошничка
-
Законот за бранителите во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДМС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра без критериуми
-
Странски студенти на УГД Штип