Прво проверка, потоа поврат на ДДВ
Повратот на ДДВ фирмите ќе го добијат кога ќе завршат контролите, вели премиерот Мицкоски. Исплатата доцни затоа што детално е проверува по кој основ се врши повратот, за да не се случи како во минатото – парите да завршат на фантом фирми, односно во приватни џебови.
Прво строга контрола, па поврат на ДДВ. Фирмите на кои им доцни исплатата во моментов се проверуваат, за да не се случи парите да завршат во приватни џебови, вели премиерот Мицкоски. Проблем со буџетот нема, туку детално се проверува на кој и по кој основ се врши повратот, а не како претходно – милионски суми да се исплаќаат на фантом фирми.
А потоа истите фирми се отуѓувани на граѓани од една од околните земји кои не постојат и потоа тие фирми се згаснуваат, а парите на граѓаните завршуваат најчесто кеш и на тој начин буџетот се празнел со десетини милиони евра. Повеќе нема на такви фантом фирми да се исплаќаат поврати на ДДВ.
Ќе се исплаќаат откако ќе подлежат на строга контрола и во рамки на законскиот рок, изјави Мицкоски, истакнувајќи дека сега се прават контролите.
За премиерот е неприфатливо барањето на бизнис заедницата, за компензација на ДДВ то при увоз на стока, туку проблемот очекува да се реши со воведување е фактура. Во моментов Управата за јавни приходи го подготвува софтверот, на кој работат ИТ експерти, а системот се планира да се тестира во следната 2025 та година.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар