Македонија
7. July 2023 - 10:14

Претрес во Велес: Приведен дилер

Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 20.00 часот го лишиле од слобода А.Г.(29) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, соопштија денеска од МВР, била пронајдена марихуана.

- Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Ново на Сител