Претреси во Велес и велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени две лица

На 17.06.2026 во 03:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.А.(49) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“ со рамка 13 куршуми без соодветна документација и поголема сума пари.
Претходно, во СВР Велес било пријавено дека Г.А. извесен период ја малтретирал неговата ќерка ѝ забранил да излегува и дека поседувал оружје. Исто така, со судска наредба, бил извршен претрес и во викенд куќа во село Капиново, општина Чашка, сопственост на неговиот татко С.А.(74) од Велес.
При претресот, таму биле пронајдени и одземени два пиштоли, 71 куршуми, пет патрони и дрвен кундак со ременик без соодветна документација, по што и С.А. бил лишен од слобода. Г.А. и С.А. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
