Претседателката на ЕБОР утре во посета на Македонија

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, од утре ќе биде во посета на Северна Македонија.
За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.
- Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македониј. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.
ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Северна Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, Банката има инвестирано ЕУР 2,9 милијарди во 190 проекти во целата земја.
Ново на Сител
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на Еlena Luka Home - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
