Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич.
Средбата, како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, се одржала во духот на долгогодишното пријателство меѓу двете земји, со фокус на билатералните односи, соработката во рамките на НАТО и процесот на интеграција во Европската унија.
- Потенцирајќи ја јасната стратешка цел на земјава за пристапување кон европското семејство, Претседателката ја нагласи посветеноста за доследно исполнување на европските критериуми. Нагласувајќи дека интеграцијата во ЕУ треба да се базира на конструктивен пристап и заемна добра волја, таа посочи дека процесот на пристапување е обременет со непрекинати барања и предизвици, кои ја попречуваат нашата кандидатура и го оптоваруваат народот, се наведува во соопштението.
Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека билатерализацијата на процесот на проширувањето претставува штетен преседан за сите земји-кандидати и дека нашите идентитетски прашања се веќе дефинирани и преговарањето за нив е спротивно на основните европски принципи и вредности.
Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласила значајната улога на Обединетото Кралство во обезбедување на безбедноста и стабилноста на регионот и се заблагодари за континуираната поддршка на македонските аспирации за влез во Европската унија.
Специјалниот пратеник Пич ја истакнал улогата на нашата земја како значен партнер во НАТО Алијансата. Во контекст на состојбите во Европа и регионот, тој изразил загриженост поради порастот на националистичката реторика на регионален план и ја потенцираше потребата од помирување и дијалог во услови на турбулентни времиња и војна на европско тло.
На средбата биле разменети мислења за клучните безбедносни прашања во регионот и Европа, како и за влијанијата на геополитичките трендови во меѓународните односи врз нашиот регион.
Ново на Сител
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка