Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.
Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации се одвиваа бројни црковни церемонии.
=Изразувајќи длабока жалост и искрено сочувство за неговата смрт, претседателката Сиљановска-Давкова, во телеграмата до Ватикан ја потенцираше неговата импресивна и инспиративна личност како совршена хармонија на зборовите и делата. Таа, уште еднаш му оддаде заслужено признание за огромното влијание што го имаше како заколнат миротворец, хуманист и народен трибун, застапник на меѓурелигискиот дијалог и помирувањето, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Во возвишен амбиент и света миса, водена од кардиналот Џовани Батиста Ре огромниот број присутни со аплаузи и солзи го испраќале саканиот папа во базиликата Санта Марија Маџоре, неговиот вечен дом!
За разлика од неговите претходници кои почиваат во криптата на базиликата Свети Петар, папата Франциск оставил аманет да биде погребан во Санта Марија Маџоре, една од „петте папски базилики“. Во неа, во 2015 година беше поставена плочата на македонски јазик во чест на Светите браќа Кирил и Методиј.
Минатата година, се посочува во соопштението, претседателката имаше аудиенција кај папата Франциск, што ја оцени како незаборавен настан, заради мудрите папски мисли за најважните светски прашања, но и неговиот респект кон нашата вековна традиција на толеранција на различностите и зрела свест за важната улога на религијата во развојот на општествената хармонија.
Папата Франциск е првиот поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил нашата земја. За време на историската посета во 2019 година тој рече: „Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонското тло се првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел Христовото учење“.
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
