Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој од вчера учествува на 73. Генерално Собрание на Обединете Нации во Њујорк, присуствуваше на настанот на високо ниво - Глобален повик за акција за светскиот проблем со дрогата, со кој претседаваa Претседателот на САД, Доналд Трамп и Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Македонскиот претседател, како што соопштија од неговиот кабинет, присуствуваше на свеченото отворање на Мировниот самит Нелсон Мандела 2018, што се одржува по повод 100-годишнината од раѓањето на поранешниот јужноафрикански лидер.
Доцна вечерта по македонско време, претседателот Иванов присуствуваше на свечениот прием организиран од Претседателот на САД, Доналд Трамп за учесниците на 73. Генерално Собрание на ОН.
Предвидено е претседателот Иванов да се обрати пред Генералното Собрание на ОН на 27 септември. Исто така, предвидено е македонскиот претседател да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.
Ново на Сител
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци
-
Канада најави царини за одредени американски производи
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност
-
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
-
Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители