Претседателот на Хрватскиот сабор, Јандроковиќ во официјална посета на земјава

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.
Јандроковиќ денеска ќе го посети македонското Собрание, каде ќе биде свечено пречекан со високи државни и воени почести.
Како што најавуваат од собраниската прес-служба, Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија. По средбата со Гаши, предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите.
Според најавата од Собранието, Јандроковиќ ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе следуваат изјави за медиумите на двајцата собраниски спикери.
Претседателот на хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ ќе се обрати пред пратениците во рамки на денешната 37-та седница.
Тој ќе се сретне и со Благица Ласовска, претседателка на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламентот на Република Хрватска и со членовите на групата.
Поради посетата на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, денеска и утре на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.
- СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат од МВР.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
-

Костадиновски: „Сејф сити“ ни покажа нашиот менталитет може брзо да се прилагодува на правила
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
