Претседателот на рускиот Парламент ги повика пратениците да војуваат
Рускиот парламентарен лидер Вјачеслав Володин ги повика пратениците на Државната дума да учествуваат во војната во Украина по наредбата за делумна мобилизација.
– Оние кои ги исполнуваат условите за делумна мобилизација треба да помогнат со нивното учество во специјалната воена операција, објави денеска шефот на Думата на својот канал на Телеграм, пренесува ДПА.
– Нема заштита за пратениците, нагласи тој.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера нареди делумна мобилизација во која треба да бидат повикани 300.000 резервисти со борбено искуство.
Шефот на парламентот реагираше на ставот, кој не е невообичаен во парламентарните кругови, дека повикот на Путин за национална одбрана не важи за нив.
Еден пратеник, на пример, рече дека тој е потребен во земјата. Во исто време, Володин го пофали фактот дека има парламентарци кои веќе се распоредени во окупираниот регион Донбас во источна Украина. Според него, повикани се само резервисти со борбено искуство и специјална воена обука.
Соработникот на Путин, исто така, призна дека „се појавуваат прашања што ги загрижуваат (руските) граѓани“ по уличните протести и извештаите за масовниот егзодус на млади Руси од земјата. Володин рече дека руските трупи во Украина денеска се борат и со „силите на НАТО“.
– Во Украина има обучувачи на НАТО, платеници од земјите на НАТО, технологија на НАТО, оружје и муниција. Има 1.000 километри линија на фронтот за одбрана, додаде тој.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка