Претседателот на Собранието Џафери официјално го прими Извештајот на ЕК за напредок на земјата
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир денеска на претседателот на Собранието, Талат Џафери официјално му го предаде Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија. Средбата се одржа денеска, заради службено отсуство на Џафери, кој минатата недела учествуваше на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа во Атина.
– Извештајот беше оценет како позитивен, објективен и реален во однос на Собранието ,како централна институција во која се одвива дебатата на сите политички партии. Соговорниците се осврнаа и на процесот на Дијалогот „Жан Моне“ и на целите кои што се постигнаа, како и на очекувањата од следниот циклус на Дијалогот, нагласувајќи ја важноста од активно вклучување и интерес за процесот на сите политички партии во Собранието, се посочува во соопштението од Собранието.

Џафери, како што се наведува во соопштението, се осврна и на текот на локалните избори, на процесот за верификација на мандатите на новите пратеници по изборот на пратеници од тековниот собраниски состав за градоначалници, како и на агендата на Собранието по завршувањето на вториот круг на локалните избори, вклучително и планираната динамика за усвојување на Буџетот на државата.
Гир и Џафери, како што се посочува, заеднички констатираа дека комуникацијата меѓу Канцеларијата на ЕУ и Собранието е секогаш отворена, директна и постојана, што е во прилог на напредокот на државата на евроинтеграцискиот пат.
Ново на Сител
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
-

Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
