Претседателот на Собранието Џафери се сретна со градоначалникот на Улцињ, Цунгу
Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците Максим Димитриевски и Џевад Адеми, денеска во Улцињ се сретнаа градоначалникот на Улцињ, Назиф Цунгу и со претставници од општината со што ја заокружија официјалната посета на Црна Гора.
На средбата, информираат од собраниската прес-служба, беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји и беше посочено дека само треба и понатаму да се продлабочи и надгради во областа на економијата, со оглед на тоа дека нема отворени прашања.
Градоначалникот Цунгу упати срдечни честитки за формирањето на новата Влада, при што констатираше дека стабилноста на Република Македонија влијае врз стабилноста на целиот регион. Исто така, информираше дека, по пристапот на Црна Гора во НАТО, на забележителен начин се зголемил интересот за странски инвестиции од страна на познати светски компании.
Соговорниците разменија мислења за правните, административните и фискалните аспекти на децентрализацијата. Беа разменети и позитивните искуства за интегрирањето во мултиетничките средини.
Ново на Сител
-
Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување
-
Се проширува обвинителскиот тим за несреќата во Кочани, продолжуваат и контролите за исполнување на безбедносните стандарди
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Трамп: Гренланд во иднина може да биде дел од САД
-
Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина
-
„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот
-
Почна маршот за настраданите во Кочани