Претседателот на Србија во посета Русија

Српскиот претседател Томислав Николиќ престојува во дводневна работа на посета на Русија, при што денеска ќе се сретне со московскиот патријарх Кирил, а утре и со шефот на руската држава Владимир Путин, јави Танјуг.
Според Кабинетот на српскиот претседател, при средбата поглаварот на Руската православна црква, патријархот московски и серуски Кирил на Николиќ ќе му ја врачи специјалната награда „патријарх Алексеј Втори“, кој ја доделува Меѓунардониот фонд за единиство на православните народи.
Кремљ од своја страна, како што јави ТАСС, соопшти дека на утрешната средба Путин и Николиќ ќе разговараат за „актуелното и идното стратешко партнерство меѓу Русија и Србија“ и ќе разменат мислења за „клучните аспекти на понатамошната соработка во политичката, трговската, економската и хуманитарната сфера“.
Двајцата претседатели ќе се осврнат и на „актуелни прашања на регионален и меѓународен план“, се додава во соопштението на Кремљ.
Николиќ, кој синоќа допатува во Москва, во пресрет на посетата изјави дека Србија и Русија имаат „ексклузивни политички односи“ и дека Москва знае оти српските граѓани не сакаат нивната земја да биде членка на НАТО.
- Русија од секогаш била чекор понапред од очекуваното во својата поддршка за Србија, изјави Николиќ.
Ново на Сител
-

Судиите избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

На Попова Шапка 34 сантиметри снег
-

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
-

Претседателката Сиљановска‑Давкова на реферирање за борбена готовност на Армијата
-

Новиот состав на ДИК ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието
-

Граничните премини и денеска блокирани од камионските превозници
-

Рубио: Продолжуваат руско-украинските преговори во Абу Даби
-

Славески: Просечната плата лани порасна номинално за 9,2 проценти, потребен е одговорен пристап кон растот на платите
