Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски оствари средба со Михаил Рот
– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, денеска оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг Михаил Рот.
На средбата, како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, претседателот на партијата Мицкоски ја истакнал благодарноста за помошта која досега сме ја имале од Германија, како на патот кон евроатлантските организации, така и економски.
– Претседателот истакна дека моментално владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата, и дека дополнително сите чекори кои што ги влече, ја водат државата во економска неизвесност и катастрофа. Беше предочено дека владата воопшто нема капацитет да се справи со кризата која ја имаме, а во голема мерка е резултат на домашно генерирана неработа и криминал, но и дека очекувањата на граѓаните и стопанството од власта се песимистички, се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.
Претседателот на партијата Мицкоски меѓу другото истакнал и дека се потребни избори, и промена на власта. Дополнително била истакната и заложбата на партијата за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Викендов 718 казни за брзо возење
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната
-
Пожар во руски регион по украински напад со дронови
-
Светските лидери му честитаа на Мерц на победата, а честитки пристигнуваат и за АфД
-
Лидерот на германските либерали Кристијан Линднер ја напушта политиката по изборниот дебакл