Претставата „Марија Калас – Час“ вечерва во МОБ

На малата сцена во Македонска опера и балет вечер ќе биде изведена претставата „Марија Калас - Час“ - Теренс Мекнели во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2018.
Режијата и преводот е на Урсула Хорнер, костимографија Марија Пупучевска, графички дизајн Марија Ветероска, светло дизајн Васко Лисичов.
Настапуваат: Надежда Рубен, Андреја Наунов, Марија Наумовска, Александра Лазаровска Василевски, Влатко Груевски, Зоран Данилов.
Оперската дива Марија Калас, гламурозна, смртно сериозна од една страна и со доза на сув хумор од друга, држи час по пеење во реномираниот универзитет „Џулиард Скул“во Њујорк. Зависно од настапот на студентите и моменталното расположение, повикано од сеќавањето на сопствениот живот, се однесува потполно непредвидливо.
Вклучувајќи ги нејзините инспирации, стравот да не биде „грдото пајче“, омразата кон нејзините конкурентки, притисокот на првите претстави, триумфот во „Ла Скала“, како и нејзината афера со Аристотел Оназис, кулминира со монолог за нејзиното саможртвување во името на уметноста.
Во 1996 год. претставата беше наградена со „Драма Деск Авард“ за најдобра нова драма и „Тони Авард“ за најдобра драма.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
