Претставата „Од Цирих со љубов!!!“ на 13. „Танц фест“

Претставата „Од Цирих со љубов!!!“ на Универзитетот за убави уметности од Цирих, Швајцарија, вечер ќе биде изведена во Македонскиот народен театар во рамки на 13. фестивал на современ танц „Танц фест 2017“.
Ова е прво поголемо гостување на танцова компанија од Швајцарија на „Танц фест“. Публиката ќе може да види 18 танчери во четири различни дела од врвни кореографи: Рено Вајсер, Емануел Соави и Барак Маршал, поранешен кореограф во престижната „Батшева“ танцова компанија од Израел.
Скопската публика ќе ја погледне кореографијата на Адријана Данчевска од Скопје танцовиот театар, која во февруари годинава беше гостин-кореограф во компанијата и го создаде делото „Погрешно“ со осум танчерки на сцена, на музика на групата Верка.
Првата короеграфија „Еnsemble/Аssemble“ на Рено Вајсер е физичко истражување на идејата за поврзување. Кореографијата „Погрешно“ на Данчевска е истражување на женската психа и границите во кои таа се движи, како и излегувањето надвор од нив. Третиот дел на Емануел Соави „Mouse Chapter“ е дело што ги заматува границите меѓу пет идентитети кои се поврзани едни со други меѓу намерни движења и рефлексите на нивните тела.
Последното кореографско дело „The Castaways“ првично е направено за познатата Рамбер компанија од Лондон во октомври 2013 година на сцената на исклучителниот театар Садлерс Велс. Делото проследува патување на дванаесет луѓе чии души се заробени во ничија земја - пеколот произлезен од нивниот начин на живот.
Меѓу овие кореографии публиката ќе го види и танцовиот филм „Крварење на срцето“ на Нунзио Импелиери.
Ново на Сител
-

ЕУ и Македонија во летна слатка трка: Кој повеќе произведува, а кој повеќе троши сладолед
-

ЦУК: Пет активни пожари, два под контрола
-

Таранто 2026: Четврто учество на македонските спортисти на Медитерански игри
-

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари
-

Министерот Клековски ќе информира за состојбата со западнонилска треска во државата
-

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа
-

Брисел: Украина сама треба да одлучи кога ќе одржи избори, ЕУ е подготвена да помогне
-

Трамп потпиша меморандум за зголемување на комерцијални вселенски лансирања
