Превентивни мерки од СВР Битола во пресрет на ловечката сезона
СВР Битола ги соопшти превентивните мерки во пресрет на ловечката сезона која почнува на 1-ви ноември, период во кој, како што нагласуваат, се случуваат несреќи за време на лов.
Од СВР-Битола посочуваат да се почитуваат мерките на безбедно ловење во шумски и други предели предвидени за лов и совесно и одговорно користење на ловечкото оружје.
Кога се оди на лов, или се преминува на друго место,како и престојување во затворена просторија, движење со возило и слично, оружјето да биде испразнето и прекршено. Ловечкото оружје да се полни на даден знак на водачот на групата, односно со негова дозвола да започнува и завршува ловењето. Оружјето никогаш не смее да биде свртено кон другиот учесник во ловот и да не се пука во дивеч кој се движи во правец на другиот учесник во ловот, бидејќи преставува непосредна опасност по неговиот живот. Ловецот којучествува во ловот, должен е да остане во групата и не смее да го напушта ловот без дозвола на водачот на групата, потсетуваат од СВР-Битола.
За безбеден лов на дивеч, секој ловџија или сите учесници во ловот, задолж
– Според Кривичниот законик, незаконитиот лов е забранет и не смее да се лови за време на ловостој, и единствено може да се лови од 1. ноември кога официјално почнува ловната сезона на дивеч, информираа од СВР-Битола.
Ново на Сител
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот