Превезувале 9 мигранти, приведени криумчари

На регионалниот пат Р1103 клучка Демир Капија вчера во 18:40 часот, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово лишен е од слобода Ј.Р.(44) од Гостивар, откако при контрола на патничко возило „БМВ“, со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал биле откриени четири лица илегални мигранти од Пакистан, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Во 20:10 часот кај место викано Острово, во близина на Неготино, биле откриени уште пет лица илегални мигранти од Пакистан, кои претходно се превезувале со возилото „БМВ“, а лишен од слобода е Е.М.(28) од с.Врапчиште. Ј.Р. и Е.М. се приведени во полициска станица и во извршен службен разговор признале дека двајцата учествувале во прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти, посочуваат од МВР.
Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, против лицата во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б ст.2 и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основед суд Скопје, а лицата-илегални мигранти се предадени во прифатно-транзитен центар.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
