Презентација на Истражувањето на медиумската писменост кај возрасната популација

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе ги презентира резултатите од Истражувањето на медиумската писменост кај возрасната популација во Република Македонија.
Станува збор за прво истражување од ваков вид во земјава и неговите резултати се од исклучително значење за планирање на политиките, активностите и проектите за поттикнување на медиумската писменост во Македонија.
Истражувањето е реализирано како дел од активностите на Агенцијата за спроведување на Програмата за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија, а врз основа на прашалник подготвен во рамките на ИПА проектот „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“.
На презентацијата ќе стане збор и за формирањето и форматот на функционирање на мрежа за медиумска писменост составена од релевантните чинители (јавни институции и министерства, приватни и јавни радиодифузери, граѓански организации и образовни установи).
Планирано е мрежата да биде и формално востановена во првиот квартал од 2017 година, на посебен настан кога ќе биде потпишан и договор за соработка меѓу сите заинтересирани субјекти.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
