Презентација на нова алпинистичка опрема за припадниците на Армијата
Во реонот на Демир Капија денеска ќе се изврши презентација на новата алпинистичка опрема за Армијата. Во рамки на презентацијата ќе се демонстрира и вежба за пребарување и спасување на тешко пристапен терен во планински услови.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со началникот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе присуствуваат на настанот.
Набавката на алпинистичка опрема, која може да се користи и за спасувачки операции во непристапни планински и карпести терени е прва по 25 години. Се состои од повеќе делови и тоа: витло за спасување, платнени и метални носилка за луѓе, дупчалки, алпинистички шлемови, ракавици, светилки за шлемови, планински чевли и алпинистички патики, алпинистички појаси и полупојаси, ранци, вреќи за спиење.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ