Презентација на опрема од воената вежба „Dragoon Guardian 17“
Граѓаните на Струга и Струмица денеска ќе имаат можност да проследат презентација на возила и опрема на Армијата на Република Македонија и на Армијата на САД во Европа, која е дел од заедничката воена вежба „Dragoon Guardian 17“.
На презентацијата во Струга ќе присуствуваат заменик-министерот за одбрана Беким Максути и командантот на полкот за специјални операции бригаден генерал Орце Јордев, а во Струмица заменикот на командантот на здружената оперативна команда, бригаден генерал Павле Арсоски.
Покрај презентацијата на дел од воените возила и опрема на Армијата на САД во Европа и АРМ, граѓаните ќе имаат можност да проследат фитнес сесија, натпревар за најмладите - патека со пречки, а во Струга ќе биде одржан и пријателски фудбалски натпревар меѓу екипи на Армијата на САД, АРМ и екипа од градот.
Присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со припадниците на АРМ и армијата на САД поблиску да се запознаат со опремата и возилата и да се фотографираат.
Заедничката вежба на Армијата на Република Македонија и на Армијата на САД во Европа „Dragoon Guardian 17“, која се одржува до 10 август има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на АРМ, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината