Презентирана Стратегијата за младите во општина Штип

Советот на млади на општина Штип денеска пред претставници од локалната самоуправа и градоначалникот Благој Бочварски ја презентираа Стратегијата за млади за период од 2018-2022 година.
Сања Стефанова, претседател на Советот на млади на општина Штип, истакна дека анкетата која ја реализирале меѓу младите и невладините организации покажала дека младите сакаат изградба на нови спортски сали, Студентски дом, кино сала и затворен базен.
- Главен приоритет сепак на младите во Штип е нивното вработување, со што ќе се намали одливот на младите кадри во странство. Стратегијата опфаќа проектни активности во кои младите активно ќе се вклучат во демократското живеење, рече Стефанова.
Стратегијата за млади општина Штип во целост ќе ја поддржи, како со поддршка на проектните активности, така и со директно вклучување на младите во реализација на активностите. Претседателот на Советот на општина Штип, Јане Миланов истакна дека ќе се заложи Стратегијата за млади во целост да биде имплементирана од страна на локалната и централната власт.
Ново на Сител
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
