Презентирани искуства од одгледување турски сорти ориз во Македонија

Во производната 2013 и 2014 година на површините во индивидуалниот сектор во Кочанско и на опитните полиња на Одделот за ориз во Кочани пробно беа одгледувани 14 турски сорти на ориз. Три сорти од нив експериментално се одгледуваа на полињата кај 120 индивидуални оризопроизводители во Кочанско додека останатите 11 сорти се одгледуваа на Одделот за ориз при Земјоделскиот институт во Кочани.
- Искуствата од експерименталното одгледување турски сорти ориз на полињата во Кочанско се реализира во соработка со турската компанија ТИКА која за оваа намена инвестираше средства во износ од 120 илјади евра. Најголемни позитивни резултати постигнаа сортите Гала, Халилбеј и Ѓонен, истакна на денешната прес конференција др. Добре Андов од Одделот за ориз при Земјоделскииот институт -Скопје.
Овие сознанија Андов заедно со останатите двајца соработници од тимот на Одделот за ориз од Кочани ги презентираа минатиот викенд на меѓународниот хуманитарен саем во Истанбул Турција.
Тој информираше дека трите сорти ориз Гала, Халилбеј и Ѓонен, заедно со резултатите од испитувањата се доставени до Комисијата за признавање нови сорти при Управата за семе и саден материјал, кои веќе се признаени и се очекува да бидат влезени во редовно производство на поллиењата во Македонија од наредната производствена сезона.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
