Презентирани шведските искуства за родова еднаквост
Родовата еднаквост е еден од темелите на шведското општество. Целта на шведската политика за родова еднаквост е да се осигура дека сите уживаат исти можности, права и обврски во сите области од животот. Во Македонија треба да се подобрат состојбите во делот на родовата еднаквост.
Ова го истакнаа од Друштвото за македонско-шведско пријателство на предавањето на тема „Пол, род и родова еднаквост: јавно-здравствени аспекти“, што се одржа денеска на Медицинскиот факултет во Скопје, во организација на Друштвото за Македонско-шведско пријателство и соработка.
Шведскиот амбасадор Матс Стафансон го нагласи значењето на еднаквоста меѓу половите и посочи дека шведската Влада е прва во светот, која пред три години спроведе таканаречена феминистичка политика.
- На почетокот беше малку сензационално, но сега веќе многу држави го следат нашиот пример меѓу кои и Канада. Во Владата на кралството Шведска половина од министрите се жени. Во моментот од сите амбасадорите што ги има Шведска во светот 55 проценти се мажи, а 45 проценти жени. Во шведското Министерство за надворешни работи околу 60 отсто од жените се на раководни функции и министерот е жена, додаде Стафансон.
Одговарајќи на новинарско прашање тој истакна дека сега има многу повеќе жени амбасадори и скандинавските земји го следат тој пример.
Претседателот на Друштвото за македонско-шведско пријателство и соработка и поранешен амбасадор во Шведска, Тихомир Илиевски рече дека како друштво најмногу се активни на полето на здравствениот менаџмент, работат да помогнат да се унапредат состојбите во Македонија во областа на човековата околина, а скандинавските земји, не само Шведска, се пример за углед.
- Еден од клучните сектори ни е промоција на македонската култура, па и на спортот бидејќи во друштвото има поранешни спортисти кои настапувале и во Шведска. Многу внимание посветуваме и на обуката на младите во Македонија пред се во областа на развојот на демократијата и можностите за отворање нови работни места за младите со цел да придонесеме да ги задржиме во земјата, додаде Илиевски.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска