Македонија
9. October 2019 - 11:42

При контрола на 64 автобуси во Штип, полицијата утврдила девет неправилности

СВР Штип вчера во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле контролирани 64 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз и кај девет возила биле констатирани неправилности.

Кај четири била утврдена неисправност на уредите за запирање, кај еден неисправен уред за управување, а четири имале недостаток на опрема. За сите прекршоци, соопшти денеска МВР, издадени се соодветни санкции.

Санкционирани се и 44 останати прекршоци.