-->
-->
При подигањето нови насади да се користат квалитетни сорти
-->

Моменталните временски услови се поволни за подигање нови насади, велат експертите, но порачуваат да се засадуваат култури и сорти поотпорни на ниски температиури, како и да се применува арско ѓубре за да се заштити коренот од измрзнување.
Според Неџбедин Мемедов од Агенцијата за поддршка на земјоделството во Делчево, основно е да се набават квалитетни сорти, од прва класа.
- Неопходно е да се направи и агрохемиска анализа на почвата и да се чува комплетната документација за производителите да аплицираат за субвениции за нови насади. Ако засадувањето го извршат во овој период, овоштарите ќе можат да аплицираат со целосната документација на првиот повик кој вообичаено се објавува во март, истакна Мемедов.
Годинава беше тешка за овоштарите зашто само пролетниот мраз предизвикаа штети кај 90 отсто од насадите со сливи, додека кај вишните штетите се и до 60 проценти.
Во Делчевско последниве години се подигнати околу 300 хектари со нови овошни насади, а под овошни култури има 1.200 хектари, најмногу сливи, вишни и во последно време лешници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
