Македонија
13. March 2025 - 10:29

При претрес во Tетовско пронајдена дрога, приведен 19-годишник

Полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане вчера во 7.15 часот  го лишиле од слобода 19-годишниот М.А. од село Пирок.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом во село Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

-Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира денеска МВР.